Адријана Лима умее да ги привлече објективите на фоторепортерите кон себе. Убавата Бразилка се појави на ревијата на Ralph & Russo во Париз во елегантна креација со длабоко V-деколте.
Црната креација 35-годишниот ангел на Victoria’s Secret ја надополни со дијамантски накит од Chopard.
На модното шоу, кое се одржа во рамките на Париската недела на високата мода, беше презентирана колекцијата есен/зима 2016-2017 на британскиот бренд.

















