Убавото тело на Адријана Лима не е случајност. Убавата Бразилка вежба напорно за да има фигура на која сите жени ѝ завидуваат. Нејзините тренинзи се напорни, особено сега на неколку седмици пред шоуто на „Victoria’s Secret“.
Верувале или не, Адријана вежба по 6 часа дневно за да го обликува своето тело и да влезе во долната облека на VS. Лима се породи на 12 септември, а веќе на 7 ноември ќе зачекори на модната писта, па убавиот ангел активно работи на својот изглед.
Нејзиниот тренер, Мајкл Олаџиде Џуниор, открил дека Адријана вежба со него 2 пати дневно, секој ден без исклучок, или поточно 42 часа неделно.
„Вежбам со неа двапати дневно, седум дена неделно. Целта на Адријана е иста како и на секоја здрава жена, т.е. да се врати во формата од пред пораѓањето“ – изјавил тој.
Мајкл открил дека Адријана слабее со скокање на јаже и боксирање, без фитнес машини и тегови. Секој од тренинзите трае 2-3 часа.
Препораките на Мајкл се:
- Вежбајте кардио.
- Направете си здрав план за хранење.
- Наспијте се добро.
Бонус: Вашите вежби треба да се предизвик и за телото и за умот.
Погледнете ја Адријана во акција (видеото е снимено пред раѓањето на втората ќерка):