Анџелина Џоли не се откажува од титулата дизајнер на накит, особено кога се работи за накит кој ќе помогне за собирање на парични средства за добротворни цели.
Неодамна беше отворена изложбата „Style of Jolie“ на којашто беше прикажана колекцијата накит дизајнирана од Анџелина во соработка со дизајнерот Роберт Прокоп.
На изложбата беа поканети само мал број луѓе кои покажале огромен интерес кон прекрасните парчиња накит.
Парите од продажбите на колекцијата, на која Анџелина и Роберт работеле во изминативе девет месеци, се наменети за помагање на децата од регионите засегнати од конфликт или природни катастрофи.
Еве и видео од самата изложба: