Џоан Колинс со секое свое појавување на свечените настани покажува дека со текот на годините стилот само се подобрува. 82-годишната Британка беше гостинка на постоскаровската забава на Vanity Fair и измами комплименти со својот одржан изглед.
На забавата со холивудските ѕвезди, Колинс се појави во елегантен бел фустан со впечатливи извезени детали.
Познатата актерка, авторка и колумнистка минатата година официјално стана Дама. Таа ја доби титулата DBE (Dame Commander of the Most Excellent Order of the British Empire) за нејзината хуманитарна работа и беше одликувана лично од принцот Чарлс.










