Елизабет Харли привлече големо внимание на добротворен настан за собирање средства за истражувања поврзани со ракот на дојка во Њујорк.
За свеченоста, 50-годишната актерка избра накит од Шопард и елегантен розов фустан, кој совршено се совпаѓаше со темата на забавата Hot Pink, организирана од Американската фондација за истражувања за ракот на дојка. Долгиот тесен фустан ја истакна одржаната фигура на Харли.







Покрај Елизабет Харли, на настанот присуствуваа и други познати лица, меѓу кои и Елтон Џон, мисицата Оливија Џордан, Вера Ванг и Дона Каран.



