Како судија на „America’s Got Talent“, Мел Би беше дел од новото издание на шоуто за таленти.
42-годишната поранешна членка на Spice Girls се појави во неочекуван стајлинг со кој привлече илјадници погледи и критики.
Познатата пејачка зачекори на црвениот тепих во проѕирен комбинезон прекриен со сини блескави кристали кои ги сокриваа интимните делови од нејзиното тело.














