Малото ангелче на Алесандра Амбросио ја доби својата прва работа како модел. 4-годишната Ања позира рамо до рамо со својата мајка во кампањата за зимската колекција на „London Fog“.
„Многу се гордеам со неа. Како мајка, смешно е тоа што ќерка ми ми го краде местото под рефлекторите, но јас го обожавам тоа. Навистина е слатко“ – изјавила Алесандра.
Убавата манекенка на „Victoria’s Secret“ која неодамна роди син, откри и дека фотографиите со Ања се многу значајни за неа, бидејќи ќе ги имаат за спомен засекогаш. „Ова се безвременски фотографии кои ќе ги чуваме засекогаш. Ќе ги гледаме и ќе го помниме тој момент засекогаш“ – дополнила Алесандра.
Погледнете и слатки фотографии од „зад сцената“.