Кејт Хадсон денес ќе дозволи да ја понесе роденденската еуфорија. Популарната актерка ќе дувне 37 свеќички од својата роденденска торта.
Првата филмска улога таа ја доби на 19-годишна возраст и стана дел од „Desert Blue“. Едни од најпознатите филмски проекти на Хадсон се „How to Lose a Guy in 10 Days“, „Fool's Gold“, „Bride Wars“ и „The Skeleton Key“.
Холивудската ѕвезда, која следно ќе ја видиме во „Mother’s Day“, се има закитено со статуетка „Златен глобус“ за улогата во филмот „Cameron Crowe's Almost Famous“ во 2000 година.
Славната мајка на две деца честопати стои на листите со најдобро облечени холивудски дами. За свеченостите, таа избира креации кои го разголуваат нејзиното деколте и ѝ го оцртуваат телото.
Прошетајте со поглед низ 37 од нејзините највпечатливи стилски моменти.










