Адријана Лима, најискусниот ангел на брендот за долна облека Victoria’s Secret, го прослави својот 35. роденден.
Убавата Бразилка на 15-годишна возраст ја започна својата кариера во модната индустрија и до ден-денес редовно се наоѓа на листите на модели со највисока заработка.
Во текот на својата кариера, атрактивниот модел беше дел од кампањи на врвни брендови и честопати ги има красено страниците на познатите списанија. Marc Jacobs, Maybelline, Donna Karan, Versace, Guess, Givenchy, „Harper’s Bazaar“ и „Elle“ се дел од модните куќи и списанија за кои Лима има снимено фотосесии.
По повод роденденот на Адријана, погледнете 35 фотографии од нејзините најдобри фотосесии кои ја покажуваат нејзината уникатна убавина.


































