Ханде Ерчел привлекуваше погледи во впечатлив стајлинг на доделувањето на наградите „Elle Style“.
На свеченоста во Истанбул, 30-годишната турска актерка зрачеше со сексапил во црна креација со чипка. Како нејзина најголема поддршка, саканиот Хакан Сабанчи ја придружуваше на настанот.
Ханде се закити со награда за модната соработка која ја негува со брендот Nocturne.
Убавата актерка е позната по улогите во повеќе турски серии, меѓу кои и „Немирно лето“ и „Чукни ми на врата“.