Фахрие Евџен го прослави својот 37-ми роденден. Турската актерка, позната по улогата на Неџла во серијата „Кога лисјата паѓаат“, изгледаше атрактивно во тексас фустан на забава со семејството и пријателите.
Фахрие позираше со сопругот Бурак Озчивит и нивните две деца покрај балони и позадина во барби стил.
На истата забава, убавата ѕвезда и нејзиниот сопруг му организираа и детски роденден на синот Каран, кој наполни четири години во април.
Неговиот дел беше со декорации инспирирани од Бетмен, а Фахрие се пресоблече во црн фустан.