Блејк Лајвли недискутабилно е ѕвездата во Кан која привлекува најголемо медиумско внимание. Атрактивната русокоса со уште еден модерен стајлинг привлече кон себе море од пофалби.
Облечена во краток фустан со мини наметка од Џамбатиста Вали и обувки од Кристијан Лобутин, 28-годишната холивудска актерка изгледаше гламурозно на промотивен настан на нејзиниот нов филм „The Shallows“.














