Мелани Грифит сподели гламурозна фотографија на која позира со мајка си Типи Хедрен и ќерка си Дакота Џонсон, а која прикажува три генерации актерки.
На неа, 27-годишната Џонсон, 59-годишната Грифит и 86-годишната Хедрен позираат во елегантни креации за списанието „Vanity Fair“. „Дакота, мама и јас. Три генерации актерки“ – напиша таа на Instagram.

За фотосесијата била задолжена Колина Рентместер.
Според списанието, ова е прв официјален портрет на трите актерки. „Трите генерации ме натераа да помислам на мама, која е родена во 30-тите години, на мене, родена во 50-тите, и на Дакота, родена во 80-тите години. Прогресијата на животот е навистина прекрасна“ – изјавила Мелани во интервјуто.
На прашањето дали би работеле заедно, Мелани одговорила: „Би можеле сите да го играме целосниот живот на една жена“.
Видео од снимањето на фотосесијата:
Грифит претходно има споделено неколку фотографии на кои е заедно со Дакота и Типи.