Фејт Тигпен се појави на матурска прослава во супер блескава креација и наиде на купишта реакции на интернет.
16-годишната девојка носеше комбинезон со додаток кој чини речиси 2.000 долари, а бил инспириран од стилот на семејството Кардашијан.




Темата на матурската забава била „Големиот Гетсби“, па Фејт пронашла инспирација од фотографиите од роденденот на Крис Џенер.
Повеќето коментари се негативни. Многумина потенцираат дека овој аутфит е премногу провокативен за матурска прослава, дека таа е премлада за ваков стил и дека самата креација е вистински кич.
Не се малку и оние кои укажуваат на тоа дека родителите не требало да дозволат ваков изглед.

Од друга страна, има и коментари дека младата матурантка изгледала фантастично.
