Адел постојано ги радува своите фанови со нова музика и прекрасни концерти, но не заборава и на обожавателите кои се спречени да присуствуваат на нејзините музички шоуа. Талентираната пејачка со големо срце направи пауза од своите настапи и се упати кон домот на 12-годишно болно девојче за да му исполни голема животна желба.

27-годишната музичка ѕвезда ја посети малата Ребека Гибни, која боледува од церебрална парализа проследена со епилепсија и не може да оди и да зборува. Адел била запознаена со случајот на Ребека и нејзината желба да ја запознае својата омилена пејачка, преку кампања која мајката на болното девојче ја започнала пред неколку месеци.
Неодамна менаџерот на популарната пејачка стапил во контакт со мајката Трејси и ѝ кажал дека Адел разгледувала фотографии од болното девојче, кои ѝ пробудиле силни емоции и одлучила дека сака да го посети.
„Во шок сум, ѝ го исполнив големиот сон на мојата ќерка. Адел беше многу фина, не можеше да биде пољубезна“ – рекла Трејси. „Тоа направи да се чувствувам како најдобрата мајка на светот, што никогаш не мислев дека сум. Адел исто така ми кажа дека јас сум најдобрата мајка на светот“ – додала таа.



