Ник Картер им сподели тажна вест на своите фанови преку Twitter.
38-годишниот пејач, кој се прослави како член на групата Backstreet Boys, објави дека неговата сопруга Лорен имала спонтан абортус во вториот триместар од бременоста и дека ја изгубиле неродената ќерка.
Во објавата на социјалната мрежа, тој напиша: „Боже дај ни мир во овој период. Навистина со нетрпение чекав да ја сретнам по 3 месеци. Срцето ми е скршено“.
God give us peace during this time. I really was looking forward to meeting her after 3 months. . I’m heart broken.
— Nick Carter (@nickcarter) September 10, 2018
Подоцна, Ник додаде: „Тоа беше сестричка за Один“.
It was a little sister for Odin...
— Nick Carter (@nickcarter) September 10, 2018
Многумина им изразија сочувство на Ник и Лорен на социјалните мрежи.
Парот, кој има 2-годишен син, и претходно се има соочено со спонтан абортус. Ник и Лорен пред две години отворено зборуваа за нивната загуба и за едногодишната борба со неплодноста пред зачнувањето со синот Один.
По породувањето со Один, Лорен сними нежна фотосесија во нивниот дом.
Популарниот пејач вечерва треба да одржи концерт во Лима. Иако тој на почетокот напиша дека нема да може да настапи на сцената, тој подоцна објави дека ќе му биде тешко, но дека ќе настапи поради „љубовта кон фановите“.