Тамара Калиниќ му кажа „ДА“ на Филипо Теста. Српската блогерка, која соработува со најпопуларните светски брендови, се вери со шармантниот Италијанец кој исто така е дел од модната индустрија.
Познатата модна ентузијастка доби романтично изненадување за време на патувањето со кое ја славеше со саканиот годишнината од врската.
Иако фановите уште пред да замине на изненадното патување ѝ предвидуваа дека ќе заврши со прстен на раката, таа беше убедена дека нема да има запросување, бидејќи нејзина желба беше Филипо да ја побара нејзината рака од татко ѝ.
Но, Тамара не ни претпоставуваше дека тој традиционален момент веќе се случил, а Филипо го имаше документирано телефонскиот разговор на касета која ѝ ја пушти пред да ѝ го постави судбоносното прашање во Италија.
Погледнете како изгледаше предлогот за брак: