Тамара Калиниќ беше дел од гостите поканети на приватната забава на Долче и Габана во Милано.
Популарната српска блогерка избра комбинација со проѕирен горен дел, кој е карактеристичен за италијанската модна куќа. Својот изглед, Тамара го надополни со накит од брендот.







На приватната вечера организирана од Доменико Долче и Стефано Габана, Калиниќ позираше и со Ким Кардашијан.


Забавата беше организирана за да се прослави новата колекција на брендот за сезоната есен/зима 2023.