Пинк е во среќен брачен сојуз со Кери Харт веќе една деценија. 40-годишниот моторист ја одбележа 10-годишнината од свадбата со талентираната пејачка со слатка семејна фотографија.
На неа, трите члена на семејството позираат насмеани во домашна атмосфера.

„Ти благодарам што си прекрасна сопруга, мајка и пријателка. Те сакам“ – пишува тој во описот на фотографијата на Instagram и додава колку се гордее со своето семејство.
Кери и Пинк стапија во брак на 7 јануари 2006 година во Коста Рика и заедно имаат едно дете – четиригодишната ќерка Вилоу.
