Пред неколку дена во Доха се одржа свеченото отворање на Националниот музеј на Катар.
На церемонијата присуствуваше Мелина Џиновиќ, која блесна во сопствена креација.
Црно-сребрениот фустан е дел од најновата колекција на Мелина, која стои зад брендот Hamel.
Националниот музеј во Доха се градел речиси една деценија, а изградбата чинела околу 400 милиони долари. Дизајниран е од францускиот архитект Жон Нувел и е во облик на пустинска роза.
Креациите на Мелина ги носат бројни славни личности меѓу кои Џенифер Лопез, Ева Лонгорија, Бритни Спирс и Ешли Грем.