Постојано се зборува за сличноста на Рис Витерспун и нејзината ќерка Ава, а кога тие ќе застанат една до друга, јасно е зошто.
40-годишната актерка присуствуваше на премиерата на својата нова серија „Big Little Lies“, каде беше придружувана од 17-годишната Ава. На настанот во Лос Анџелес, мајката и ќерката се појавија во кратки фустани со долги ракави.
Блескавата креација на Рис доаѓа од колекцијата pre-fall 2017 на либанскиот дизајнер Ели Сааб. Во својот стајлинг таа додаде црни обувки од Кристијан Лобутин.