Актерките Ел и Дакота Фенинг ретко се појавуваат заедно на свечености и настани.
Па, разбирливо е зошто двете славни сестри го привлекоа целото внимание кога се појавија заедно на вечерата на „The Hollywood Reporter“ и Џими Чу. Двете актерки избраа сосема различни стајлинзи за настанот во Вест Холивуд.
29-годишната Дакота шармираше во кратко црвено фустанче со цвет од антуриум од брендот Loewe, додека 24-годишната Ел избра модерна комбинација од есенската колекција на Стела Мекартни.
За изгледот на актерките се погрижи стилистката Саманта МекМилен.