Синот на Мајкл Даглас вчера беше осуден на 5 години затвор за трговија со дрога.
Судијата Ричард Берман ја објави својата пресуда, откако го слушна признанието на
За да му помогнат на својот син, Мајкл Даглас и Диандра испратиле писма до судијата во кои образложуваат дека оваа ситуација е последица од тешкото детство на Камерон, фамилијарната историја со алкохол и дрога и популарноста на повеќе членови од нивното семејство.
Само за потсетување, Мајкл посетуваше терапија за зависност од алкохол во 90-тите, а неговиот полубрат Ерик почина во 2004 година од предозирање со алкохол и лекови.
Камерон беше уапсен во јули минатата година во хотел во Њујорк. Во моментот на апсењето тој поседувал дрога во износ од 18 000 долари. Не помина долго време пред популарниот син да се изјасни како виновен за обвинувањата дека продавал кокаин и метамфетамин. За тоа кривично дело тој требаше да добие 10 години затвор, но неговите адвокати успеаја да ја намалат казната.
Според изјавите на адвокатите, Камерон започнал со трговија со дрога во 2006 година, откако бил лишен од семејното богатство затоа што не сакал да се подложи на лекување.