Сиара му рече „Да“ на спортистот Расел Вилсон. Славната пејачка објави дека го прифати предлогот за брак на своето момче со видео во кое го покажува големиот прстен.
Среќниот пар сподели и романтична фотографија од специјалната ноќ.

Идните младенци слават на егзотичен одмор на Сејшелските Острови.







30-годишната музичарка и 27-годишниот американски фудбалер се во врска од април минатата година. Тие привлекоа големо внимание откако споделија дека нема да имаат сексуални односи пред бракот поради религиозни причини.
Сиара има мал син со раперот Фјучр, со кого се вери во 2013 година.
