Серена Вилијамс и Алексис Оханијан наскоро ќе го добијат второто дете. Славниот пар деновиве организираше забава за да го открие полот на нероденото бебенце и објави видео од моментите.
На снимките, 41-годишната тениска легенда и 40-годишниот основач на Reddit заедно со ќеркичката Алексис Олимпија чекаат дронови да им откријат дали бебенцето ќе биде момче или девојче.
Додека расте нивното нетрпение, на небото започнуваат да блескаат дронови кои споделуваат дека во нивното семејство ќе пристигне уште едно девојче.
Серена и Алексис стапија во брак во ноември 2017 година.