Серена Вилијамс и Алексис Оханијан го очекуваат второто дете. Парот ја откри веста на црвениот тепих на Мет галата.
Пред музејот на уметноста „Метрополитен“, 41-годишната тениска легенда го истакна трудничкото стомаче во црн тесен фустан, а на Instagram сподели фотографии со кои ја потврди бременоста. На нив, Серена нежно го гали своето стомаче, а во описот пишува:
„Многу бев среќна кога Ана Винтур нè покани тројцата на Мет галата“.
Серена и Алексис имаат една ќерка, 5-годишната Алексис Олимпија.
Темата на балот оваа година е „Карл Лагерфелд: Линија на убавината“. Околу 400 гости беа замолени да се облечат во чест на покојниот дизајнер, кој обожаваше да се облекува во црно-бело.
Серена беше облечена во фустан од Гучи.