Џенифер Лопез ги зароби погледите на присутните на доделувањето на Billboard Latin Music Awards. На манифестацијата која се одржа во Флорида, атрактивната пејачка го истакна својот сексапил во две разголени креации од Џулиен Мекдоналд.
Црниот фустан 47-годишната ѕвезда го искомбинира со сандали и чантичка од Џими Чу и обетки од Lynn Ban.











Втората креација, во која настапи на сцената, Лопез ја надополни повторно со сандали од Џими Чу.
Музичката дива за првпат ја изведе „Mirate“, првата песна од нејзиниот нов албум кој ќе биде на шпански јазик.

На настанот, Џеј Ло ја доби наградата „Star Award“ и беше прогласена за најпопуларен артист на социјалните мрежи.




