Џенифер Лопез знае да направи спектакуларно шоу. Во изминатава година, 47-годишната музичка ѕвезда го освојуваше Лас Вегас со повеќе свои концерти, кои публиката и фановите долго време нема да ги заборават.
За најновите настапи, атрактивната пејачка го истакна својот сексапил во блескав костим. Светлиот аутфит е дело на дизајнерот Џулиен Мекдоналд, а е украсен со 120.000 сваровски кристали.

Најпрво, Џеј Ло се појавува во наметка со кристали и бели пердуви, а потоа ја соблекува и ја заведува публиката во секси костим.




„Беше прекрасно да се работи со Џенифер за креирањето на овие неверојатно гламурозни парчиња со сваровски кристали за нејзиното шоу во Лас Вегас. Ја обожавав идејата да дизајнирам во нејзината тема на модерна танчарка и истовремено да црпам инспирација од гламурот и шармот од изведувачите од 1920-тите години. Џенифер изгледаше апсолутно неверојатно“ – вели Мекдоналд.





