Мексиканската теленовела „Руби“ го привлекуваше вниманието на македонската јавност пред повеќе од една деценија, а оној кој ја гледаше, несомнено се сеќава на скромната и наивна девојка Марибел, која стана жртва на сплетките на Руби.
Актерката Жаклин Бракамонтес, која влезе во улогата на Марибел, денес има 38 години, е посветена сопруга и мајка на три девојчиња и моментално е бремена со близнаци.
Пред да стане актерка, Жаклин пливаше во водите на модната индустрија. Таа ја освои титулата Мис на Мексико во 2001 година и ја претставуваше својата татковина на Мис Универзум.
Жаклин стапи во брак со бизнисменот Мартин Фуентес во 2011 година. Во 2013 година, Жаклин роди близначиња, момче и девојче, но за жал, момчето почина како последица на респираторни компликации. Во 2014 година, парот се израдува на раѓањето на нивната втора ќеркичка Каролина, а во 2016 година, на овој свет дојде и нивната трета ќерка Рената.