Барбара Мори и Фернандо Ровзар повеќе не ја кријат својата врска. Мексиканскиот пар за првпат се појави заедно на свечен настан.
41-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на злобната Руби во истоимената серија, и 39-годишниот продуцент привлекоа големо внимание кога заедно зачекорија на премиерата на „El complot Mongol“.
Мори изгледаше младолико во креација од мексиканскиот бренд Hua Lingerie.
Во филмот, Барбара ја има главната женска улога.