Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Свршеницата на Миранда од „Сексот и градот“ роди син

Свршеницата на Миранда од „Сексот и градот“ роди син

Синтија Никсон, позната како Миранда од ТВ серијата „Сексот и градот“, и нејзината свршеница Кристин Маринони станаа родители на здраво машко бебе.

Кристин го родила малото бебе вчера, а тоа веќе го доби и своето име – Макс Елингтон Никсон-Маринони. Парот ја чуваше бременоста во тајна.

Синтија и КристинСинтија и Кристин

44-годишната актерка веќе има две деца од нејзината долгогодишна врска со професорот Дени Мозес.

Синтија и Дејвид се разделија во 2003г., а наредната година Синтија јавно се појави со сегашната свршеница Кристин.

Синтија, Кристин заедно со двете деца, Саманта и ЧарлзСинтија и Кристин заедно со двете деца, Саманта и Чарлс

Кога била запрашана за нејзината одлука да излегува со жени, Синтија одговорила:„Во однос на сексуалната ориентација, не верувам дека се изменив. Цел живот бев заљубена во мажи и никогаш се немав заљубено во жена. Но, кога се заљубив, не ми изгледаше толку чудно. Јас сум само жена заљубена во друга жена“.

Среќниот пар сега живее во Менхетен заедно со двете деца на Синтија, 14-годишната Саманта и 8-годишниот Чарлс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18961 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.