Таркан и Дилек Пинар официјално стапија во брак на 30 април на интимна церемонија со 40 гости во неговиот дом во Истанбул. Една недела подоцна, 43-годишниот турски пејач и неговата 30-годишна избраничка организираа уште една голема свадбена прослава која се одржа во Келн, Германија.
Дилек за најсреќниот ден од својот живот, избра венчаница од шпанската модна куќа Pronovias.




Таркан и Дилек одлучиле да направат втора прослава во Келн, бидејќи и двајцата се родени во Германија. Младенците се запознале во 2008 година за време на концерт на познатиот пејач во Германија, а се заедно веќе пет години.








Таркан во Турција е познат како „Принцот на поп музиката“, а кај нас се прослави со хитовите „Dudu“, „Kiss Kiss“ и „Şıkıdım“.
Погледнете фотографии и од турската свадбена церемонија на парот:



