Турската поп ѕвезда Таркан стапи во брак со Дилек Пинар. Интимната церемонија се одржала во неговиот дом во Истанбул пред 40 најблиски гости.
Свадбената прослава на 43-годишниот пејач и неговата 30-годишна избраничка се очекува да биде деновиве.




Таркан и Пинар се во врска 5 години. Пред да започне нивната романса, таа била негова голема обожавателка.
Таркан кај нас се прослави со хитовите „Dudu“, „Kiss Kiss“ и „Şıkıdım“.