Ромео Бекам и Миа Реган за првпат зачекорија заедно како пар на црвениот тепих.
19-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам и 19-годишната Instagram ѕвезда присуствуваа на доделувањето на британските модни награди.
На свеченоста во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон, Ромео носеше елегантно црно одело, додека Миа шармираше во фустан од Proenza Schouler.