Ромео Бекам и Миа Реган ја снимија првата заедничка модна кампања.
19-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам и неговата 19-годишна девојка позираа за рекламните фотографии за првата соработка на PUMA со париската модна куќа AMI.
Оваа колекција вклучува унисекс дизајни кои секој може да ги носи. Логоата на двата брендови се споени во едно, кое се наоѓа на секој модел од колекцијата.
Фотографот Еди Вреј ги потпишува фотографиите.
„Тоа што најмногу го сакам кај нив се нивната енергија и индивидуалниот стил. И тоа што очигледно се заљубени. Ромео и Миа одлично го отелотворуваат духот на колекцијата“ – изјави Александре Метјуси, основачот на брендот AMI.