Ријана ја започна својата нова турнеја за албумот „Anti“. За време на концертот во Мајами, славната пејачка од Барбадос ја вжешти атмосферата со секси танц со Дрејк.
Откако го започна хитот „Work“, кој веќе еден месец е на врвот на листата Billboard Hot 100, 28-годишната ѕвезда на сцената повика специјален гостин. Имитирајќи ги сексапилните танци од спотот за истата песна, Ријана и Дрејк ја подигнаа публиката на нозе.
На сцената Ријана мамеше погледи во проѕирен комбинезон од Армани.
Очигледно е дека има силна „хемија“ помеѓу музичарите кои извесно време беа во врска. Многу фанови се убедени дека помеѓу нив постои повеќе од професионална соработка.