Изминатиов викенд беше премиерата на најновиот спот на Ријана за песната „What’s My Name“. Новиот сингл кој е дует на Ријана и Дрејк веќе е голем хит.
„What’s My Name“ се искачи на врвот на листата Billboard Hot 100. Тоа е третиот сингл на Ријана оваа година кој се искачи на првото место. Претходно Ријана го достигна врвот со „Rude Boy“, а седум недели по ред владееше на топ листата со неверојатната „Love the Way You Lie“.
Дрејк и Ријана го снимија спотот во Њујорк, а во него се прикажани како млад пар кој полека ја развива својата врска. На почетокот флертуваат во продавница, а потоа разменуваат нежности во нивниот стан.
„What’s My Name“ е дел од најновиот албум на Ријана Loud.