Списанијата во денешно време користат премногу Фотошоп и редовно има мини скандали со дигитално отсечена рака или нога, или пак нереално издолжено тело. Новата насловна страна на „Look“ е уште еден доказ колку фотографиите во списанијата се нереални.
Иако изгледа како Ријана да е на насловната страна на списанието облечена во циклама фустан, всушност фотографијата не е автентична, туку тоа е „верзија“ на Ријана создадена со магијата на Фотошоп.

За насловната, списанието всушност искористило две различни фотографии од Ријана. Од едната фотографија ја позајмиле нејзината глава, а од другата нејзиното тело, правејќи нескладен спој.

Десно: Ријана на премиерата на „Battleship“ во Јапонија

Невообичаената насловна ја забележала блогерка на Red Carpet Fashion Awards. Насловната страна изгледа доста чудно и многу експерти кои се занимаваат со дигитална обработка на фотографии се согласија дека истата е многу лошо изведена.