Милионерот Мохамед Хадид, таткото на моделите Џиџи и Бела Хадид, ги отвори вратите од својот луксузен дом за Harper’s Bazaar Arabia.
67-годишниот бизнисмен, кој има палестинско потекло и е сопственик на градежна компанија за луксузни објекти, заедно со својата убава свршеница Шива Сафаи, позираше за новото издание од познатото списание. Нивното раскошно живеалиште се наоѓа во Лос Анџелес, Калифорнија.
На фотографиите направени од Џон Цијавис, Шива носи елегантни креации од Elie Saab, Marchesa, Alexander McQueen и од високата мода на Valentino, како и сандали од Giuseppe Zanotti, Manolo Blahnik и Gianvito Rossi.







Имотот на Мохамед, кој е само еден од многуте кои ги поседува, се протега на површина од 4.500 м2, а во неговата изградба биле вклучени речиси 1.000 работници. Омиленото место на Мохамед и Шива е кујната.


При уредувањето и изградбата на луксузните домови кои го носат неговиот потпис, Хадид вели дека не следи трендови и дека негова цел е тие да се удобни. „Јас не следам трендови, па си измислувам свои. Создавам домови кои даваат чувство на дом, независно дали е палата или замок, мора да дава чувство на удобност“ – вели тој.
За уредувањето на неговиот дом, во кој се вклучени предмети од Мароко, Турција, Африка и многу други земји, Мохамед вели: „Сакав да имам имот, кој не само што ќе има модерен изглед, туку ќе биде и рефлексија на многуте спомени кои ги имам создадено низ целиот свет“.
Слободно може да се каже дека неговата замисла е успешно реализирана.






