Брижит Бардо е синоним за ретро убавина и магнетска привлечност, а доказ за тоа се досега необјавени фотографии од Реј Белисарио.
Легендарниот фотограф ги направил фотографиите во 1968 година, откако ја убедил прекрасната актерка да помине една вечер со него.
Спонтаните фотографии покажуваат зошто Бардо се вбројува меѓу најубавите жени на сите времиња.
Реј изјавил дека Бардо останала една вечер со него. Заедно биле во бар, а потоа во неговата хотелска соба. Следното утро таа го бакнала за збогум и се разделиле. Тоа била последната нивна средба.