Заспаната Вилоу Сејџ позираше со своите славни родители, Пинк и Кери Харт, во својата прва фотосесија.
Само една недела по раѓањето, слаткото девојче се појави на насловната страна на списанието People на огромна радост на обожавателите на 31-годишната поп-рок пејачка.
Иако скоро сите славни личности прават слични фотосесии со своите најмили, Пинк објасни дека се решила на овој потег затоа што папараците постојано ги следеле со цел да направат „прва фотографија“ од Вилоу. Сите приходи од фотосесијата за People, тие ги донирале за хуманитарни цели.
„Поради вознемирувачките, изненадувачки агресивните и небезбедните мерки кои папараците очигледно се подготвени да ги преземат со цел да стигнат до „првата фотографија“ од нашата ќерка (следење, бркање со автомобили, седење пред нашата куќа по цел ден и цела ноќ), како нови родители Кери и јас решивме дека ќе објавиме лични фотографии од нашата Вилоу и дека ќе ги донираме парите за добротворни цели“ – напишала Пинк во соопштение адресирано до „сите оние кои се грижат“.
„Ние не сакаме да ја фотографирате нашата ќерка. Не сакаме еден ден да го следите нашето мало девојче додека се враќа од училиште. Не сакаме да има слика од нашето мало девојче во списание или на блог. Ако ја фотографирате или објавите нејзина слика, тоа е против нашата желба, и без наша дозвола како родители, како луѓе“ – пишува уште во соопштението.
Пинк и Кери станаа родители на 2 јуни и како што вели таа, оттогаш нејзиниот живот се променил многу.
„Цело време ги слушаш луѓето како велат дека животот ќе ти се промени. Но, ни малку не можеш да осетиш колку е убаво, сè додека не имаш дете“ – изјавила Пинк во интервју за списанието People.