Сите знаеме дека Адријана Лима е успешен модел, но според нејзините зборови тоа не ѝ е омилената професија. 28-годишната убавица смета дека најдобрата работа на светот за неа е да биде мајка.
Во интервју за списанието People таа ја искажала огромната љубов кон својата ќерка и признала дека тоа што е родител ја променило многу.
“
Никогаш не си мислев дека можам да сакам толку многу. Отсекогаш си мислев, дали постои безусловна љубов? Сега знам дека постои, затоа што ја чувствувам.
Прекрасната Лима ја роди Валентина на 15 ноември, во 34-тата недела од бременоста. Последните две недели од бременоста ги поминала в кревет поради тоа што страдала од прееклампсија.
Малата Валентина во моментот на раѓањето тежела само 2 килограми. „Таа беше најмалото бебе во болницата“ – изјавила Адријана.
Сега, неколку месеци по породувањето, ангелот на Victoria’s Secret веќе е во топ форма и ѝ се врати на својата работа како модел, но сигурно нема да ја занемари нејзината омилена работа – мајчинството.