Дизниевиот филм „Cruela“ ќе ја раскажува приказната за Круела де Вил, која сите ја знаеме како злобничката од „101 далматинец“.
Во новиот филмски проект Ема Стоун влегува во улогата на Круела. „Јас се родив брилијантна, лоша и малку луда“ – вели Круела во првиот трејлер.
Дејствието се одвива во 1970 година во Лондон, а ја прикажува младата Естела де Вил која цели да изгради кариера како моден дизајнер.
Премиерата на филмот е планирана за 28 мај оваа година.
