Заврши еднонеделната турнеја на кралскиот пар низ Индија и Бутан. Последниот ангажман на војвотката Кетрин и принцот Вилијам беше посета на грандиозниот Таџ Махал.
Облечена во бело-сина креација од Наим Кан, Кетрин грациозно се движеше покрај Вилијам.




Фотографиите од парот поттикнаа носталгија и тага, бидејќи потсетуваат на популарната фотографија на која принцезата Дијана седи на мермерна клупа пред одушевувачкиот мавзолеј.


Дијана ја посети Индија во 1992 година и сама позираше на клупата во период кога нејзиниот брак беше пред распаѓање. Истата година таа и принцот Чарлс се разделија.













