Кристина Еплгејт има за што да се радува. Таа со огромно задоволство соопшти на Twitter дека е бремена.
38-годишната актерка, која успеа да се пребори со рак на дојка, го очекува своето прво дете со свршеникот Мартин Ленобл.
Мартин и Кристина се свршија на Св. Валентин по 2 години поминати заедно. Познатата актерка многупати досега изјавувала дека токму Мартин е нејзиниот спасител.
„Многу му сум благодарна на Мартин што се појави токму во тој период, затоа што беше моја потпора во текот на сето ова. Тој ми даде нешто за коешто навистина сакав да живеам и нешто за да се смеам“ – изјавила Кристина за списанието People.