Почетна » Новости » Шоу-бизнис » По 56 години работа, 200 филма и многу скршени коски, Џеки Чен доби почесен Оскар

По 56 години работа, 200 филма и многу скршени коски, Џеки Чен доби почесен Оскар

Џеки Чен доби златна статуетка. За време на манифестацијата Governors Awards, славниот актер не можеше да ја сокрие радоста додека ја примаше почесната награда.

Џеки Чен

Во својот говор, 62-годишната ѕвезда им се заблагодари на фановите, семејството, Холивуд и неговата родна земја Кина. Чен раскажа дека пред 23 години во куќата на Силвестер Сталоне видел оскаровска статуетка и во тој момент решил дека сака да има една.

„По 56 години во филмската индустрија, над 200 снимени филма и многу скршени коски, конечно ова е мое“ – рече Чен, држејќи ја статуетката.

Џеки Чен

Џеки Чен има снимено голем број филмски хитови, меѓу кои „Rush Hour”, „Shanghai Noon”, „Shanghai Knights”, „Around the World in 80 Days”, „The Karate Kid” и „Kung Fu Panda“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.