Познатата пејачка Пинк вчера роди девојче. 31-годишната поп-рок бунтовничка веднаш побрза да ги израдува своите обожаватели со среќната вест.
„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на нашето ново убаво здраво среќно девојче, Вилоу Сејџ Харт“ – напиша Пинк на Twitter и дополни дека„таа е прекрасна колку и нејзиниот татко“.
Пинк се породи вчера во болница во Лос Анџелес, Калифорнија. Вилоу Сејџ е прво дете на Пинк со нејзиниот сопруг Кери Харт.