Forbes ја објави листата со најплатени телевизиски актерки за изминатата година, а петти пат по ред врвот го освојува Софија Вергара.
44-годишната Колумбијка, благодарение на улогата во серијата „Modern Family“ и бројни договори со врвни компании, цврсто го држи првото место. Само за една година, таа го зголеми своето богатство за 43 милиони долари.
Познатото списание ја состави листата врз основа на приходите на актерките од јуни 2015 до јуни оваа година.
Еве кои се 10-те најплатени ТВ актерки за 2016:
Софија Вергара
43 милиони долари

Кајли Куоко
24,5 милиони долари

Минди Калинг
15 милиони долари

Елен Помпео
14,5 милиони долари

Маришка Харгитеј
14,5 милиони долари

Кери Вашингтон
13,5 милиони долари

Стана Катич
12 милиони долари

Пријанка Чопра
11 милиони долари

Џулијана Маргулис
10,5 милиони долари

Џули Бовен
10 милиони долари
