Најсекси маж за оваа година е... Патрик Демпси. Списанието People и оваа година титулата му ја додели на холивудски актер.
57-годишниот глумец, познат по серијата „Gray’s Anatomy“ и филмови како „Enchanted“, „Made of Honor“ и „Bridget Jones's Baby“, вели дека е среќен што ова се случува во овој период од неговиот живот.
„Мило ми е што се случува во оваа точка од мојот живот. Убаво е да се има признанието, егото сигурно ќе ми порасне, но истото ми дава и платформа за да ја користам за нешто позитивно“ – вели Демпси.


Демпси има основано центар во чест на неговата покојна мајка, преку кој им помага на пациенти со рак и нивните семејства.
Демпси сними и фотосесија за списанието.



Патрик е татко на три деца, 21-годишната Талула и 16-годишните близнаци Саливан и Дарби. Тој вели дека очекува децата да се шегуваат со него за титулата и да смислуваат причини зошто не ја заслужува.


Минатата година за најсекси маж беше прогласен Крис Еванс, а претходни носители на оваа титула се и Дејвид Бекам, Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Адам Левин, Ченинг Тејтум, Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Бред Пит, Џони Деп, Хју Џекман, Џон Леџенд, Пол Рад, Идрис Елба, Џорџ Клуни, Ричард Гир и Мајкл Б. Џордан.