Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на овогодишната Евровизија. 33-годишната пејачка беше избрана од страна на МРТВ и ќе настапи на големата сцена на музичката манифестација која ќе се одржи во Тел Авив, Израел.
Песната со која Тодевска ќе се бори за победа сè уште не е објавена.
Тамара по втор пат ќе нè претставува на музичкиот натпревар. Во 2008 година, таа настапи со Адријан Гаџа и Врчак со песната „Во име на љубовта“.

Тамара беше придружен вокал на Тоше Проески на Евровизија во 2004 година и на нејзината сестра Тијана Дапчевиќ во 2014 година.